февруари 4, 2025

Средба на министерот Тошковски со норвешкиот амбасадор, Н.Е. Кристин Мелсом

Министерот за внатрешни работи Пачне Тошковски вчера оствари билатерална средба со амбасадорот на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом.

На средбата беше изразено задоволството од соработката помеѓу двете полиции која се остварува преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка и истата се одвива на високо професионално ниво.

Министерот Тошковски изрази благодарност за поддршката на Владата на Норвешка во реализација на проекти наменети за подигнување на капацитетот на министерството во борбата со криминалот и корупцијата како реализираниот проект за зголемување на капацитетот во истрагите на местото на настанот.

Двете страни изразија желба и подготвеност соработката да се интензивира на стратешко и оперативно ниво како партнери посветени на регионалната и глобалната безбедност и борба со сите видови криминал.



ZOOM

Read Previous

Муцунски на средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш

Read Next

Во Бугарија молк во однос на заедничкото чествување на Делчев