февруари 4, 2025

Муцунски на средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски синоќа во Њујорк имал средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Муцунски на Фејсбук објави дека на средбата со Гутереш во седиштето на ОН, ја нагласил „значајната улога на организацијата во време на комплексни глобални предизвици, како што се вооружените конфликти, кршењето на човековите права, тероризмот, насилниот екстремизам, новите технологии и климатските промени“.

„Во однос на Агендата 2030 и одржливите развојни цели, заеднички се согласивме дека Пактот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Истакнав дека како држава остануваме подготвени да дадеме активен придонес во зајакнувањето на мултилатерализмот и унапредувањето на глобалниот дијалог. Ја реафирмирав нашата цврста посветеност на принципите на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, особено сега како членка на Советот за човекови права“, напиша Муцунски.





Skopjeinfo

Read Previous

153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read Next

Средба на министерот Тошковски со норвешкиот амбасадор, Н.Е. Кристин Мелсом