јануари 15, 2025

Сомнежот е дека администрацијата излегла на протест од политички побуди, вели Митева

Владата е партнер на сите. Спремни сме да ги прифатиме сите предлози и сугестии. Ова е во насока на висока подготвеност која ја имаме да разговараме за сите теми. Но дозволете ми да истакнам дека нè изненадува фактот што токму УПОЗ како прв чекор го презема штрајкот наместо дијалогот кој е прв демократски начин и метод за функционирање.

Ова денес го истакна Марија Митева, портпарол на Владата на Република Македонија.

„Сакам да ја потсетам јавноста дека за само 6 месеци постигнавме договор за зголемување на платите во здравството, образованието, а се зголемија и пензиите. Обезбедивме додаток на плата и К-15 за сите вработени, а подготвени сме да разговараме на секоја тема. Но, дозволете ми да истакнам дека секој штрајк треба да биде најавен согласно законот, да биде спроведена и постапката за помирување и да се определат можни работи кои би требало да се вршат. Поради тоа што ниту една од овие работи не е исполнета, тоа остава простор за силен сомнеж дека овој штрајк е политички мотивиран. Повторувам, Владата е отворена за секаков вид предлози и сугестии. Има бројни механизми преку кои можат да се отворат овие прашања. Интересно е тоа што изминатите години овој синдикат молчеше за ова прашање, па отворено се сомневаме дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина. Дали на овој начин се злоупотребува синдикалното движење? И ние гледаме реално на работите и ние самите не сме задоволни од платите во администрацијата, меѓутоа дијалогот е вистинскиот начин за изнаоѓање решенија“, рече Митева.

Владата не е задоволна од нивото на платата на администрацијата, но, тврдат дека дијалогот е вистинскиот начин за изнаоѓање на решение.




Skopje1

Read Previous

Спикерот на македонското Собрание се сретна со специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан

Read Next

Во Бугарија финишираат преговорите за Влада: Атанасовски вели коалицијата би имала поостри тонови за Македонија