Африм Гаши и Ерик Матиасен ги поздравија одличните политички односи и пријателство, нагласувајќи дека тие се допoлнително зајакнати и преку членството во НАТО.
Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, денес се сретна со специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Ерик Матиасен, јавува Анадолу.
На средбата присуствуваше и нерезидентната норвешка амбасадорка, Кристин Мелсом.
Според соопштението на Собранието, двајцата соговорници ги поздравија одличните политички односи и пријателство, нагласувајќи дека тие се допoлнително зајакнати и преку членството во НАТО.
„Претседателот Гаши истакна дека назначувањето на специјален пратеник за Западен Балкан го покажува интересот кој норвешката Влада го посветува на регионот. Тој се заблагодари и за силната поддршка што Норвешка, која иако не е членка на ЕУ, поради својата тесна поврзаност со Унијата, ја дава за европските аспирации на Република Северна Македонија“, стои во соопштението.
Од Кабинетот на Гаши исто така соопштуваат дека на средбата биле разменети мислења и за придвижување на пристапниот пат на државата, со оглед што Матиасен има долгогодишно искуство со работа поврзана со односите со Европската Унија.
AA