OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Финишираат преговорите за состав на Влада во Бугарија. Договор постигнаа партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, „Има таков народ“ на Слави Трифонов, како и бугарските социјалисти. Сега единствено се чека зелено светло и од Алијансата за права и слободи на Ахмед Доган. Нивен кандидат за премиер би бил Росен Жељазков.
Финишираат преговорите за состав на Влада во Бугарија. Договор постигнаа партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, „Има таков народ“ на Слави Трифонов, како и бугарските социјалисти. Сега единствено се чека зелено светло и од Алијансата за права и слободи на Ахмед Доган. Нивен кандидат за премиер би бил Росен Жељазков.
„Додека сѐ не е договорено, ништо не е договорено“, изјави Росен Жељазков, партија ГЕРБ.
Жељазков, кој е од партијата на Борисов, претходно беше и спикер во Собранието. Во тоа својство ја посети Македонија и се сретна со поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери. Жељазков од Скопје посака на следната средба со државниците од земјава да си ги честитаат уставните измени и за францускиот предлог кажа дека е историски компромис. Тој ги повика политичарите да не мислат за следните избори.
„За нас е исклучително важно Република Северна Македонија и Албанија да одат заедно по овој пат“, изјави Росен Жељазков, партија ГЕРБ.
Според политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски ваквата политичка композиција во Бугарија дури ќе има и поостри ставови кон Македонија.
„Ќе партиципираат две од политичките партии кои беа против францускиот предлог, кои де факто ја срушија Владата на Кирил Петков кога го изгласа францускиот предлог токму со ГЕРБ како опозициска партија во бугарското Собрание. Односно, партиите Бугарска социјалистичка партија и „Има таков народ“ на Слави Трифонов беа политички партии кои не се согласуваа ниту со францускиот предлог, сметајќи дека на тој начин Бугарија направила преголеми отстапки кон Македонија“, изјави Благојче Атанасовски, политички аналитичар.
Атанасовски оцени дека дури шансите се под нулата во однос на очекувањата на домашните власти за промена на условите за преговарачкиот процес.
TV21