Во контакт сме со нашите српски пријатели, побаравме итни консултации и се надеваме дека ќе добиеме одговор колку што е можно поскоро.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес рече дека Москва побарала итни консултации со Србија поради американските санкции воведени за енергетскиот сектор, поточно Нафтената индустрија на Србија (НИС), пренесува Анадолу.
На прес-конференцијата Лавров истакна дека Москва одржува постојан контакт со Србија и побарала итни консултации во врска со актуелната ситуација поврзана со санкциите за нафтената индустрија во Србија.
„Во контакт сме со нашите српски пријатели, побаравме итни консултации и се надеваме дека ќе добиеме одговор колку што е можно поскоро“, додаде тој.
Во неделата, во интервју за српската радиотелевизија, американскиот координатор за санкции Џејмс О’Брајан рече дека единствен начин да се избегнат ризиците од стратегиското партнерство помеѓу Белград и Вашингтон е уделот на руски Гаспром и Гаспромнефт во Нафтената индустрија на Србија (НИС) да се намали на нула.
AA