Управата за јавни приходи (УЈП) ја отвори новата година со објавување на Листата на должници бр. 01/2025. Оваа листа претставува важен документ што ги открива финансиските обврски на правните и физичките лица кои не ги подмириле своите даночни задолженија во предвидениот рок.
Листата ги опфаќа долговите доспеани до 30 септември 2024 година, а кои останале неплатени до 31 декември 2024 година. Во документот се наведени обврски по основ на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На оваа листа се најдоа 1962 правни лица, што претставува намалување за 7 должници во споредба со претходната листа, и 3915 физички лица, што е зголемување за 69 должници.
купниот нето долг кој се објавува во Листата бр. 01/2025 изнесува 11.509.677.366 денари, што е зголемување од 309.353.404 денари во однос на претходната листа.
- Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.332.488.139 денари, што е повеќе за 268.957.462 денари.
- Долгот за царински давачки изнесува 177.189.227 денари, што претставува зголемување за 40.395.942 денари.
Целосната листа на должници е достапна на веб-страницата на Управата за јавни приходи и може да се прегледа ТУКА.
TV21