Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека најавените над илјада вработувања здравството го поминале владиниот филтер, добиле согласнот од Министерство за финансии при што конкурсите ќе се распишат во јануари.
„Процедурите во влада поминаа, сега останува на директорите. На оние вработени кои имаа договори, тие им се продолжени за три месеци, за да не бидат отпуштени. Се работи за голем опфат од околу 1200 лица од среден медицински персонал и тие мора да поминат низ тестирања. Очекувам тоа да биде готово до средината на јануари“, рече Таравари.
Тој нагласи дека наскоро треба да се објави и списокот на 315 специјализанти кои ќе одат на специјалзции и дека меѓу нив има 15 студенти по медицина кои покажале најдобро знаење. Таравари ја оцени динамиката со вработувања, како силна и најави дека ќе продолжи, притоа напомена дека ваков обем на вработувања од над 1500 немало досега.
„Мора да ги разгледаме и буџетите на здравствените установи за да видиме каде треба да се инвестира, но сепак фокусот ќе биде човечките ресурси, бидејќи не ни требаат нови болници и опрема без здравствени работници“, потенцира Таравари.
Skopjeinfo