Министерот Болат за време на средбата со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, бил информиран дека земјата е отворена за турските инвеститори, и се согласиле да го ажурираат Договорот за слободна трговија меѓу двете земји.
Министерот за трговија на Туркије, Омер Болат, во своето обраќање на Светскиот турски деловен совет што се одржа во Скопје рече: „Турскиот деловен свет сериозно се отвора кон светските пазари со интензивен дух“, известува Анадолу.
Министерот Болат кој престојува во официјална посета на Северна Македонија за да учествува на Бизнис форумот Туркије-Северна Македонија и остварување контакти со официјалните претставници на земјата, на состанокот на Светскиот турски бизнис совет (ДТИК) што се одржа во Скопје, се сретна со претставници на турски компании кои работат во земјава.
Говорејќи на состанокот што го модерираше Наил Олпак, претседателот на Советот за надворешни економски односи – Светскиот турски бизнис совет, министерот Болат рече дека контактите во Северна Македонија биле интензивни и продуктивни.
„Турскиот деловен свет сериозно се отвора кон светските пазари со интензивен дух. Среќни сме поради тоа бидејќи се отвораат нови можности. Тие растат, прават повеќе трговија, извезуваат стоки од Туркије. И тоа ги зголемува вработеноста и инвестиции во Туркије“, рече министерот Болат.
Турскиот министер за трговија изјави дека за време на средбата со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, бил информиран дека земјата е отворена за турските инвеститори, и се согласиле да го ажурираат Договорот за слободна трговија меѓу двете земји.
Амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, во своето обраќање на состанокот рече дека ја ценат работата што ја прави ДТИК и дека се горди на турските компании во земјава.
На состанокот претседателот на Македонско-турската стопанска комора Ајдован Адемоски, претставникот на ДТИК за Северна Македонија, Билал Суџубаши, и претседателот на Претставничкиот совет за Балканот на ДТИК и претставникот од Грција, Левент Садик Ахмет, дадоа оценки за успешните активности на турските деловни луѓе и инвеститори во регионот и за важноста на мисијата што ја преземаат надвор од Туркије.
Во меѓувреме, министерот Болат во Собранието на Северна Македонија, со учество и на премиерот Мицковски, се сретна со турските договорни компании.
Турскиот министер Болат го посети и проектот Џевахир Скајсити, а на лице место го разгледа и проектот на градежната компанија Лимак.
AA