декември 25, 2024

Звиздиќ порача дека членството на БиХ во НАТО-сојузот е незапирливо

Хрватска е членка на НАТО-сојузот, исто така, Црна Гора, Албанија и Македонија. Хрватска, исто така, е членка на ЕУ.

Босна и Херцеговина ќе биде полноправна членка на НАТО-сојузот, изјави претседавачот на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, при денешната посета на канцеларијата на Агенција Анадолу во Босна и Херцеговина.

„Не заборавивме на НАТО-патот на Босна и Херцеговина бидејќи дури сега се стекнаа услови за да се усвои Програмата за реформи (Акциски план за членство) за 2023 година. Во јануари 2025 година треба да се усвои и Акцискиот план за членство (АНП) за 2024 година. Мислам дека општата геополитичка ситуација се менува. Ако ја погледнете картата на Европа, практично единствени две земји што не се во НАТО се Босна и Херцеговина и Србија, а секако и Косово сака да биде членка на НАТО-сојузот. Не може Босна и Херцеговина да остане некаков вид црна дупка во цела Европа“, изјави претседавачот на Претставничкиот дом на ПС на БиХ.

Тој посочи дека сите земји во околината на Босна и Херцеговина се членки на ЕУ и практично на НАТО-сојузот.

„Хрватска е членка на НАТО-сојузот, исто така, Црна Гора, Албанија и Македонија. Хрватска, исто така, е членка на ЕУ, а по Србија, сите се членки и на ЕУ и НАТО, и Романија и Бугарија. Таков статус не може да се задржи. Тоа нема да го дозволат ниту важните светски сили. Работата треба да се среди. Една голема лекција за Европа беше агресијата на Руската Федерација против Украина, во која Европа очигледно не веруваше долго време. Таа не направи ништо по анексијата на Крим, мислејќи дека тоа ќе биде доволно за Русија, чии апетити се зголемија. Апетитите секогаш растат ако не се спречат оние што го нарушуваат меѓународниот поредок“, изјави Звиздиќ.

Тој рече дека верува оти многу работи ќе се сменат и во регионот на Западен Балкан.

„Приказната за таканаречената воена неутралност со паралелно масовно и забрзано вооружување, се разбира, веќе никој не ја прифаќа како сериозна. Веќе не држи вода. И, конечно, земјите ќе мора, на некој начин, да се определат. Затоа што гледаме дека по завршувањето на Студената војна, новата железна завеса повторно паѓа од северот на Европа со членството на Шведска и Финска, таа паѓа практично вертикално сè до Јадранското Море и сосема е јасно дека во таа комбинација Босна и Херцеговина останува во сферата на западното влијание. Мислам дека во крајна линија тоа е патот по кој ќе тргне Србија, без оглед на моментната ситуација и односите што во моментов ги има со Русија, се разбира, тие имаат некаква историска основа, но практично немаат политичко-економска основа“, рече Звиздиќ.

Претседавачот на Претставничкиот дом на ПС на БиХ рече дека може да ја наведе информацијата дека 73 отсто од извозот на БиХ е ориентиран кон земјите од ЕУ, од 23 до 25 отсто кон земјите од ЦЕФТА, само околу еден отсто кон Русија и земјите членки на БРИКС.

„Значи, понекогаш економијата е најдобар показател и индикатор за соработката и насоката во која се движат земјите. Тоа е случај и со земјите од регионот, освен фактот дека Србија е силно задолжена кај Кина за разни инфраструктурни проекти. Мислам дека јавниот долг на Србија веќе надмина 40 милијарди евра, а тоа е пат по кој Србија не може долго да чекори ако сака да биде целосно економски самоодржлива“, заклучи Звиздиќ.

Претседавачот на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, при посетата на канцеларијата на Агенција Анадолу во Босна и Херцеговина, се запозна со работата на агенцијата ни разговараше со уредниците и директорот на канцеларијата, Талха Озтурк, за претстојните важни настани и предизвици што се очекуваат во 2025 година, како во Босна и Херцеговина, така и на Западен Балкан.

Директорот на канцеларијата на Анадолу во БиХ, Озтурк, на претседавачот на Претставничкиот дом на ПС на БиХ, Звиздиќ, му ја подари монографијата „Докази“, во која се зборува за страдањата на Палестинците и народот во Газа, чии автори се новинари и фоторепортери на Агенција Анадолу.

AA

Read Previous

Мицкоски: Трговците се служат со трикови, тоа нема да го дозволиме

Read Next

Бесплатен превоз за невработени, паричен надомест за пензионери, солидарен фонд за средношколци, предлага Левица во буџетот на Град Скопје