Shanghai,China-Oct.20th 2024:Amazon, Temu, Shein app icon on screen. Assorted online shopping companies
Наместо 1.000 денари за нарачка од онлајн продавници како Тему, Али експрес, наскоро ќе се плаќаат плус 3 евра или уште 180 денари. Ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство кои се под 22 евра, кои до сега беа ослободени. Измените на Законот за додадена вредност вчера го поминаа првиот филтер во Собранието, а за вторник е закажана пленарна седница на која пратениците треба да ги изгласаат. Законот ќе важи после неколку дена, односно по објавувањето во Службен весник. Тоа ќе значи поскапување за сите производи кои до сега не се оданочуваа.
-Ќе има еден вид на импакт нели кон потрошувачите, затоа што кај нив нели ќе се покачи цената на чинење на производите кои се базично евтини. Не само ДДВ-то туку и административната такса, односно испораката која ќе стигне до кај потрошувачите, вели Абил Бауш, универзитетски професор.
–И очекувам и нашите граѓани да бараат некои трети земји нели како солуција на овие производи или нешто да се потпомогне таа сива економија, вели Абил Бауш, универзитетски професор.
Само во јуни, македонските граѓани нарачале 250 тони стока преку Тему. Од нив, 95 тони биле во вредност под 22 евра и за нив не е платено ништо. За останатата стока, државата наплатила над 680 илјади евра давачки. Увозот од Кина пак до август годинава пораснал за 15,7% или во земјава е влезена кинеска стока вредна околу 800 милиони евра.
Според сегашаната практика за пратки до 22 евра не се плаќаат давачки, од 22 до 45 евра се плаќа само ДДВ, а над 45 евра се пресметува и царина и ДДВ.
Но, според Бауш ова мерка нема да има голем импакт врз економијата.
-Државата може да придобие ако имаме до негде 5 милиони продажби он-лајн, тогаш би имале негде 8 до негде 12 милиони евра во буџетот на државата.Така да се на се мерката е очекувана, навремена, но не дека би имало некој поголем импакт врз самата економија, вели Абил Бауш, универзитетски професор.
Инаку и Европа става царинска кочница на евтиниот кинески шопинг. Европската унија започна постапка за промена на царинските правила која целосно ќе го укине сегашното ослободување од давачки за пратки до 150 евра.Министрите за финансии усогласија укинување на царинското ослободување уште во првиот квартал од 2026 година – две години порано од првично планираното.
TV21
