Премиерот Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање околу новогодишната кошничка. Тој рече дека некој ланец на маркети се служат со трикови, и дека денеска на седница на Влада ќе побара подрастични мерки.
„Имаме седница на Владата денеска и ќе побарам, односно од ДПИ робусна акција, затоа шти имам информации дека големите ланци на маркети се служат со трикови. Јас трикови нема да дозволам, и оние кои мислат дека ќе прават трикови, се лажат. Не може тоа што на нив им беше дадено како можност, сега да ги зголемат производите драстично. Трикови не може. Тоа е срамота“, изјави Мицкоски.
TV21