декември 25, 2024

Министерот Тошковски во Анкара оствари средба со турскиот министер Јерликаја

Разговаравме за активностите за соработка меѓу нашите министерства, особено во областа на безбедноста, обуката за спроведувачите на законот, криумчирањето мигранти и борбата против ФЕТО.

Министерот за внатрешни работи на Туркије, Али Јерликаја, денес во Анкара оствари средба со министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Панче Тошковски, јавува Анадолу.

Во објава на својот профил на социјалните мрежи, турскиот министер Јерликаја истакна: „Бевме домаќини на министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, г-дин Панче Тошковски, и неговата делегација во нашето Министерство. Разговаравме за активностите за соработка меѓу нашите министерства, особено во областа на безбедноста, обуката за спроведувачите на законот, криумчирањето мигранти и борбата против ФЕТО. На почитуваниот министер и неговата делегација им благодариме за посетата“, истакна Јерликаја.

AA

Read Previous

Започна Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел

Read Next

Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија распиша меѓународна потерница за поранешниот вицепремиер Груби