декември 12, 2024

Меѓународниот балкански универзитет организираше средба со медиумите во Северна Македонија

На средбата присуствуваа претставници на медиумите во земјава, вклучително и сервисот на Анадолу на македонски и албански јазик

Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) организираше средба со акредитираните медиуми во Северна Македонија, јавува Анадолу.

На средбата присуствуваа претставници на медиумите во земјава, вклучително и сервисот на Анадолу на македонски и албански јазик.

Пред средбата, ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, во изјавата за новинарите рече дека традиционално еднаш годишно се среќаваат со претставниците на медиумите во земјава.

rektorrr.jpg

Тој истакна дека на овие средби ги информираат медиумите за случувањата во Универзитетот и одговараат на нивните прашања.

„Нашиот универзитет е најдинамичниот и бележи најбрз развој во Северна Македонија. Во овој контекст, секоја година се случуваат многу случувања и иновации. Сакаме да ги презентираме во медиумите и да ги информираме различните сегменти на општеството преку нив. Сакаме да обезбедиме систематски, редовен и јасен проток на информации. На овој начин се трудиме нашиот универзитет да биде максимално транспарентен и достапен“, рече ректорот Сунар.

За време на активноста, ректорот Сунар ги придружуваше претставниците на медиумите на прошетка низ кампусот, каде што ги информираше за најновите случувања и работите што ги прават за да додадат квалитет на животот во кампусот.

AA

Read Previous

Груби вели дека е чист ко солза – Давкова: Се израдував, црната листа е силен допрен глас

Read Next

Турскиот претседател Ердоган во Анкара го прими унгарскиот премиер Орбан