декември 12, 2024

Груби вели дека е чист ко солза – Давкова: Се израдував, црната листа е силен допрен глас

Артан Груби се повлекува од политиката. Тој на фејсбук напиша дека одлуката била тешка, но неопходна за зачувување на неговиот личен и политички интегритет, а воедно со ваквата одлука дава поддршка и за, како што додава, лидерот Али Ахмети. Токму Ахмети вчера истакна дека нема да го отстрани Груби од ДУИ.

„Иако одлуката нагласува дека таа не е за осуда, туку за поттикнување на подобрување на однесувањето, јас пред Бога, семејството и пријателите сум чист како солза, но со намера да придонесам за вистината, која многумина од вас гледам дека веќе ја знаете, а за да не бидам ничив политички товар, решив да се повлечам од јавниот живот и за ова го информирав Претседателот Ахмети уште од првиот ден.“, вели Артан Груби.

Откако Груби заврши на црната листа заедно со судијата Енвер Беџети, Обвинителството за двајцата отвори предмет. Се бараат докази за вмешаност во поткуп и тргување со влијание. Од Вашингтон истакнаа дека штом тие ги имаат доказите, значи дека се достапни и за домашните институции. Случајот го искоментира и претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според неа, Обвинителството требало веднаш да покренува постапки против сите лица кои завршуваат на црната листа.

„Ние имаме инструменти за постапување по допрен глас, еве се израдував – нели, јас реков дека американската црна листа е силен допрен глас, бидејќи во образложението не се вели дека тоа е само политички чин, туку се вели дека се работи за криминални дејствија и притисоци врз судството.“, порача Гордана Сиљановска Давкова.

Претседателката вели дека имала дилеми од потребата за донесување на Закон за рестриктивни мерки. Ваков Закон беше изготвен, но не ги помина сите потребни процедури за да биде усвоен. Со него се предвидуваше по автоматизам да се отвора предмет за лицата што ќе завршат на црната листа, да им биде забрането да бидат функционери и нивните фирми да не учествуваат на тендерите.

TV21

Read Previous

ЈСП во катастрофална ситуација, триесетина автобуси денес останаа паркирани поради немање метан

Read Next

Меѓународниот балкански универзитет организираше средба со медиумите во Северна Македонија