април 2, 2025

Турскиот претседател Ердоган во Анкара го прими унгарскиот премиер Орбан

Ердоган го прими Орбан во Претседателскиот комплекс во главниот град на Туркије, Анкара, а се очекува да разговараат за повеќе актуелни билатерални и регионални теми

 Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кој престојува во посета на Анкара, јавува Анадолу.

Ердоган го прими Орбан во Претседателскиот комплекс во главниот град на Туркије, Анкара, а се очекува да разговараат за повеќе актуелни билатерални и регионални теми.

Турскиот претседател во текот на денешниот ден ќе го прими унгарскиот претседател Тамаш Суљок, а вечерва во Анкара ќе присуствува на свеченото затворање на манифестацијата Година на турско-унгарската култура.

AA

Read Previous

Меѓународниот балкански универзитет организираше средба со медиумите во Северна Македонија

Read Next

Муртезани потпиша Меморандум за соработка со Молдавија за процесот на ЕУ интеграција