декември 12, 2024

„Вреди“: ДУИ со сценарија на Никола Груевски сака да предизвика меѓуетнички тензии за да избегне одговорност за корупција

На средбата на коалициските партнери од „Вреди“ се разговарало за последните случувања поврзани со опозициската ДУИ, која вчера започна иницијатива за одбрана на јазикот со деноноќно присуство пред Уставниот суд, сѐ до одржување на седницата за Законот за употреба на јазиците

Албанците можат да бидат мирни, албанскиот јазик ќе биде заштитен. Не поминуваат триковите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) кои сакаат да се претстават како спасители на проблемите кои што сами ги создадоа, изјави денеска на прес-конференција Саранда Имери Стафаи од „Вреди“, по состанокот на координативното тело на Коалицијата и лидерите на партиите, заедно со министрите од владината коалиција. 

Како што нагласи таа, ДУИ го има изгласано Законот за употреба на јазиците, иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста на три члена од Законот. 

„Оваа партија го изгласа Законот за јазиците со аномалии, тие го испратија Законот до Венецијанската комисија која ја оспори законитоста на три клучни члена, а откако сфатија дека ќе бидат опозиција, преку инсталациите во Уставниот суд сакаа да предизвикаат меѓуетнички тензии за избегнување на одговорност на корумпираните поранешни функционери, а сега со шатори сакаат да се претстават како спасители на албанскиот јазик“,рече Имери Стафаи.

На средбата на коалициските партнери, како што информира таа, се разговарало за последните случувања поврзани со опозициската ДУИ, која вчера започна иницијатива за одбрана на јазикот со деноноќно присуство пред Уставниот суд, сѐ до одржување на седницата за Законот за употреба на јазиците.

ДУИ ќе „стражарат” пред Уставниот суд до седницата закажана на 11 декември

„На средбата опширно се разговараше за последните настани и реториката на поделби од страна на опозицијата, која наводно под име на заштита на албанскиот јазик се обидува да манипулира со јавното мислење, со сценарија на Никола Груевски од пред осум години со шаторите пред ДИК. Добија жолт картон на претседателски и парламентарни избори, сега е време за црвен картон. Корупцијата од 20 години има своја сметка, тоа ви го одзема секое чувство за одговорност и ве прави неподобен за одбрана на националните вредности“,порача Имери Стафаи.

Пред Уставниот суд вчера се собраа активисти на опозициската ДУИ, кои, како што потврди потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, деноноќно ќе останат таму до одржување на седницата на 11 декември. 

„До 11 декември сигурно остануваме, а за понатаму дополнително ќе се решава. Денеска има состанок на Централното претседателство, има и координација на лидерите од ‘Европскиот фронт’ каде што ќе се одлучува за следните чекори“,вели Османи.



360Stepeni

Read Previous

ДУИ и денеска во „стража на јазикот“ – Груби: Нема да ја спречуваме седницата на Уставниот суд

Read Next

Груби за црната листа на САД: Оваа одлука ме засега лично