декември 26, 2024

Груби за црната листа на САД: Оваа одлука ме засега лично

По одлуката на Стејт департмент на САД да го постави на црната листа, се огласи на својот фејсбук профил поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Тој вели „во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот“.

„Како човек кој мојот јавен живот го посветив на одбраната на западните демократски вредности и кој секогаш посветено работев за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично.

Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање.

Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја моја акција“, вели Груби во објавата.

TV21

Read Previous

„Вреди“: ДУИ со сценарија на Никола Груевски сака да предизвика меѓуетнички тензии за да избегне одговорност за корупција

Read Next

Хадис Мустафа од ФК Еврофудбал од Охрид прогласен за најдобар голман на турнирот Balkan Promises во Охрид