Институтот „Јунус Емре“ – Скопје (ИЈЕ) започна со одржување курс за свирење на инструментот саз во Општината Центар Жупа, лоцирана во северозападните делови на Република Северна Македонија, подрачје во кое главно живеат Турци
Институтот „Јунус Емре“ – Скопје (ИЈЕ) започна со одржување курс за свирење на инструментот саз во Општината Центар Жупа, лоцирана во северозападните делови на Република Северна Македонија, подрачје во кое главно живеат Турци, известува Анадолија.
На церемонијата за започнување на курсот што се одржа во Основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Центар Жупа, организиран под покровителство на Амбасадата во Скопје и со поддршка од Општина Башакшехир, присуствуваа градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибрахим, претставници на турските институции и организации во земјата, претставници на училиштето, наставници и ученици.
Директорот на ИЈЕ – Скопје, Ариф Конак, во изјавата за новинарите рече дека започнале со курсот за саз на барање на турската заедница која го побарала тоа од амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, при неговата посета на Центар Жупа.
Наведувајќи дека постои голем интерес за курсот за инструментот саз, Конак рече:
„Околу 30 лица ќе го посетуваат нашиот курс за саз во Центар Жупа. Многу сме среќни што ќе бидеме домаќини на оваа организација со која нашата младина на овие простори ќе го научи овој вреден турски инструмент и ќе им го пренесе на идните генерации.“
Конак истакна дека ИЈЕ – Скопје и другите турски мисии работат со сите сили на исполнување на барањата на турската заедница од исток до запад на Северна Македонија.
Зборувајќи дека курсот за саз во Центар Жупа ќе се одржува за време на викендите, директорот на ИЈЕ – Скопје ѝ се заблагодари на турската Општина Башакшехир за испратените инструменти саз.
Конак информираше дека курсот за саз ќе трае приближно 6 месеци и истакна дека е можно курсот да биде продолжен поради големиот интерес.
– „Привилегија e одржувањето на турската култура во живот на овие простори“
Говорејќи на церемонијата, градоначалникот на Центар Жупа, Ибрахим, му се заблагодари на амбасадорот на Туркије во Скопје, Улусој, за укажаната поддршка.
Споделувајќи го своето верување дека курсот ќе биде корисен за населението на општината, Ибрахим рече:
„Би сакал да им се заблагодарам на сите што придонесоа за организацијата на овој настан. Со нетрпение чекаме повторно да се сретнеме на истото место по неколку месеци и да ги видиме плодовите на оваа организација.“
Алпај Чако, кој ќе го држи курсот за инструментот саз, изјави дека му претставува задоволство што учениците покажуваат интерес за инструментот саз и додаде:
„Привилегија e одржувањето на турската култура во живот на овие простори.“
AA