„Двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство. Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани“, наведе премиерот Мицкоски
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, престојува во официјална средба на Србија, каде се сретна со државниот врв на соседната земја, пренесува Анадолу.
На средбата со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, Мицкоски ја истакнал потребата од поголема економска и политичка соработка.
„Двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство. Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани“, истакна премиерот Мицкоски во својата објава на социјалната мрежа X.
Мицкоски оствари средба и со неговиот колега, премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ. Премиерот Мицкоски во објавата истакна дека средбата е одржана во духот на традиционално добрите односи меѓу двете земји.
„Разговаравме за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици“, напиша Мицкоски во друга објава на X.
AA