Поминаа три години од кобната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 македонски државјани, а седум беа тешко повредени.
Компанијата доби четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз и казна од 800 илјади денари. Една година и осум месеци казна затвор доби Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса Транс“ бидејќи фалсификувал документи кои потоа ги користеле возачите кога со автобусите на напуштале државата превезувајќи патници.
Автобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Непосредно пред клучката Бошнек, тој излета од коловозната лента, удри во заштитната ограда, а потоа се запали при што загинаа 45 лица, од кои 13 беа деца.
Ако денеска возите по автопатот „Струма“ речиси ништо нема да ви укаже дека на тоа место пред три години, 45 македонски државјани гореа живи. Само исушените венци од претходната годишнина се нем сведок за настанот дека нешто тука се случило.
Во Македонија се водеше судски процес за работата на компанијата, а во Бугарија за склучената несреќа. Таму судскиот случај заврши со пресуда во која се вели дека возачот на автобусот е виновен за несреќата. Тој исто така загина.
TV21