„Таква јавна набавка тешка речиси 2,5 милиони денари е објавена денеска и е веќе достапна на Бирото за јавни набавки. Ова нема здрава логика и ниту трошка разум. Имате ли грам жал. Да не правите журка на маката на скопјани“, напиша потпретседателот на градската организација на СДСМ
Скопјани дишат загаден воздух, немаат автобуси, градот тоне во нечистотија, а Градот Скопје објави тендер за озвучување на изгорената Универзална сала. Ова денеска на својот фејсбук-профил го напиша претседателот на градската организација на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Ѓорѓи Галетановски, истовремено објавувајќи го договорот за јавната набавка од градската управа.
„Универзална сала е пеплосана, Зоолошката диши на шкрги. Ова е секојдневието на Скопје. Што прави локалната градска власт, Советот на Градот и градоначалничката на на Скопје. Ништо“,вели тој.
Посочи дека градската власт е неодговорна поради неодамнешната одлука да објави тендер за техничка опрема, озвучување и осветлување настани во Универзалната сала, вреден речиси 2,5 милиони денари.
„Таква јавна набавка тешка речиси 2,5 милиони денари е објавена денеска и е веќе достапна на Бирото за јавни набавки. Ова нема здрава логика и ниту трошка разум. Имате ли грам жал. Да не правите журка на маката на скопјани“,вели Галетановски.
Повика итно да се стопира тендерот и парите на скопјани да се пренаменат за инвертери или за помош на Скопската зоолошка градина.
Од СДСМ побараа да се испитаат приоритетите на градската власт и средствата на скопјани да се насочат кон решавање на реалните проблеми на градот.
360stepeni