Од основањето на Сервисот на АА на македонски јазик досега се објавени повеќе од 104.000 вести, над 33.000 фотогалерии и над 23.000 видеозаписи
Пред девет години, на 9 ноември 2015 година, турската новинска Агенција Анадолу (AA) отвори Сервис на македонски јазик, со седиште во Скопје, од каде што се објавуваат вести и на албански јазик.
Во текот на изминатите девет години Сервисот на AA на македонски јазик со објавувањето вести од регионот и од светот, проследени со фотографии и видеосодржини од кореспондентите на Агенцијата од сите страни на светот, стекна активна улога во македонскиот медиумски простор, вклучително и кај читателите од регионот и пошироко.
Од основањето на Сервисот на АА на македонски јазик досега се објавени повеќе од 104.000 вести, над 33.000 фотогалерии и над 23.000 видеозаписи.
Освен на македонски и албански јазик, се објавуваат вести и на турски, англиски, арапски, персиски, БХСЦ (босански, хрватски, српски, црногорски), руски, курдски (дијалектите сорани и курманџи), француски, индонезиски и шпански јазик.
Агенција Анадолу има историја долга над 100 години, основана е во 1920 година. АА е меѓу десетте најголеми агенции во светот што објавува вести на 13 светски јазици.
AA