ноември 22, 2024

Јаневска најави затворање на два института поради нерегуларности

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, соопшти дека Државниот просветен инспекторат постојано работи на проверка на пријавите и дека се утврдени нерегуларности кај некои универзитети и институти. Таа потврди дека процесот на затворање на два института е завршен, но не откри за кои институти се работи.

„За уште три институти процесот продолжува и наскоро ќе има информации“, изјави Јаневска, нагласувајќи дека ќе бидат објавени резултатите транспарентно.

Министерката додаде дека во некои случаи веќе се наплатени казни на рецензентски комисии, декани и ректори. Во однос на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, таа потврди дека е извршена контрола, а извештајот се чека.

Во интервју за Радио Слободна Европа, Јаневска истакна дека неправилности биле утврдени и на универзитетите во Тетово, Охрид и Струга. Во Тетово, откриено е нелегално именување на двајца наставници, додека на универзитетот „Апостол Павле“ се утврдени други нерегуларности. На Универзитетот во Струга затворен е медицинскиот смер.

Во однос на можноста за затворање универзитети, министерката изјави дека тоа ќе зависи од резултатите од инспекциите и законските процедури.




TV21

Read Previous

Европол: Италија и Албанија разбија мрежа за шверц на дрога

Read Next

Спасено лице од давење во Дојранско езеро, акција на МВР – Гранична полиција