Ахмети му ја честита изборната победа на Трамп: Уверен сум дека американскиот фокус на Балканот ќе биде силен за конечно да се решат отворените прашања
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, упати честитки до американскиот народ и 47 претседател на Соединетите Американски Држави.
„Очите на целиот свет се насочени кон Соединетите Американски Држави каде се гласаше за 47-ми претседател на водечката земја во демократскиот свет.
Американските гласачи се определија за импресивно враќање на претседателот Трамп во Белата куќа во Вашингтон.
Му честитам на американскиот народ и на претседателот Трамп за неговиот денешен избор и го споделувам уверувањето дека американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и секогаш за конечно да се решат отворените прашања меѓу земјите од Југоисточна Европа“, пишува Ахмети.
ZOOM