ноември 21, 2024

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и 10 минути, до Битола за 1,5 час

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николсоки заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД Ангела Агелер, директорот на ЈП за државни патишта Коце Tрајановски, претставници од Владата, грaдоначалници од Пелагоснкиот регион, денеска извршија увид во изградбата на автопатот Прилеп – Битола.

Министерот Николоски истакна дека ова е ден за паметење бидејќи во рок од една недела се започнува изградба на два автопати во Македонија, меѓи кој и автопатот Приле-Битола со кои ќе се промени целосно сликата за Македонија.

Ви ја пренесуваме интегралната изјава на министерот Николоски:

“Навистина ова е значаен ден за целиот Пелгониски регион. Многу значајна работа и за Прилеп, за Битола, за Могила, Новаци, Ресен Кривогаштани, ако сакате и за Охрид бидејќи ова е алтернативен пат и за Охрид. Но најважното е дека овој автопат води до два големи центри во Македонија, до Прилеп и до Битола, а тука води и до границата со Грција, до нашиот втор граничен премин со Грција, што значи целосно отворање и за туризмот и за економијата.

Ова значи заживување на економијата за целиот Пелагониски регион, добрите економски перформанси во овој регион дополнително се надградуваат, да се отвораат нови добро платени работни места и луѓето да ја видат својата иднина тука.

Можам со задоволство да кажам дека со завршувањето на овој автопат од Прилеп до Битола, како и со пуштењето во функција на експресниот пат од Градско до Прилеп кој што оди во три сексции и тоа од Градско до Дреново ќе биде готов до Нова година, Дреново до Фариш некаде март следната година и во текот на следната година и од Фариш до Прилеп, и кога ќе се заврши и овој автопат од некаде четириесетина километри, очекувам за три до три и пол години од денеска, од Скопје до Прилеп да се патува во едно пријатно патување од еден час и детсетина минути а до Битола еден час и триесет минути, што целосно ќе ја промени реалноста во регионот, во делот на економијата, во делот на комуникацијата и во делот на напредокот.

Сакам да се заблагодарам на прмиерот Мицкоски затоа што на дневна основа ја следи реализацијата на овие проекти, лично е вклучен и помага на сите предизвици кои што ги имаме, на прекрасниот тим на ЈПДП кои се тука заедно со директорот Коце Трајановски, секако на компанијата Бехтел и Енка, на амбасадорката на САД кои што ни даваат несебична подршка и навистина мислам дека Македонија не видела во исто време да почнат да се градат два автопати во рок од една недела. А во брзо време ќе гледаме и завршени експресни патишта и автопати и железнички решенија.

Во однос на трасата, таа се движи паралелно или по линија на постојаниот магистрален пат Прилеп – Битола. Она што мислам дека е добро во делот на планирање и проектирање и да се заблагодарам на луѓето во министерството за транспорт и во ЈПДП, е што нема да има село кое што нема да биде поврзано со другата страна на автопатот без разлика на која страна е селото, бидејќи има голем број на потпатници и натпатници, а  исто така имаме и 5 клучки кои имаме спојување во Прилеп, во Битола и на самиот коридор”- истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.   




TV21

Read Previous

Хамас: Израел не е сериозен во преговорите за прекин на огнот во Газа

Read Next

Македонецот Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови Сад