ноември 21, 2024

Македонецот Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови Сад

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓал и Васко Саздовски од Македонија.

Според информации на „Политика“, овој 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството.

Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад.

Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски – возраста не е позната, јавуваат српските медиуми.

Бетонската конструкција на станицата се урна вчера пред пладне, усмртувајќи 14 лица и тешко повредувајќи уште тројца.

Одлуката за прогласување Ден на жалост во цела Србија ја потпиша премиерот Милош Вучевиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, прогласи тридневна жалост во градот.



ZOOM

Read Previous

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и 10 минути, до Битола за 1,5 час

Read Next

Сиљановска Давкова со сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските во Нови Сад