ноември 21, 2024

Хамас: Израел не е сериозен во преговорите за прекин на огнот во Газа

Високиот претставник на Хамас, Осама Хамдан, рече дека Израел не нуди никакви вистински предлози и „дефинитивно не е сериозен во преговорите (за прекин на огнот)“

Палестинската група на отпорот, Хамас, денес истакна дека Израел не ги сфаќа сериозно преговорите за прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.

За телевизискиот канал на Хамас, „Ал-Акса“, високиот претставник Осама Хамдан рече дека Израел не нуди никакви вистински предлози и „дефинитивно не е сериозен во преговорите (за прекин на огнот).“

„Со секој предлог што ни е претставен нам (Хамас) што ги исполнува барањата на нашиот народ, има става крај на неговото страдање и целосно ја запира израелската агресија, не привремено, ќе продолжиме без двоумење“, рече Хамдан.

Додаде дека Израел не е во состојба да го скрши палестинскиот отпор и покрај едногодишната војна во енклавата. Израел уби над 43.000 Палестинци во Газа по нападите на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Посредувачките активности предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната.

Движењето на отпорот вели дека нема да прифати никаков предлог за прекин на огнот што не вклучува целосно израелско повлекување од Газа и целосно прекинување на воените дејства.

Израелската делегација се врати од Доха оваа недела, а Кабинетот на премиерот соопшти дека преговорите меѓу посредниците и Хамас ќе продолжат во наредните денови со цел да се „оцени изводливоста на преговорите и континуираните напори за напредок во договорот“.



AA

Read Previous

Мицкоски му одговори на Ахмети: ДУИ нека се подготви за одговорност, за избори кога ќе дојде време

Read Next

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и 10 минути, до Битола за 1,5 час