декември 3, 2024

Амбасадорот Рокас на претседателката Адеми ѝ го предаде Извештајот на ЕУ

Амбасадорот на Европската Унија, Микалис Рокас, во Врховниот суд на Република Северна Македонија на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми ѝ го предаде новиот Извештај на Европската Комисија.

Во Извештајот се нотираат активностите на Врховниот суд за унапредувањето на судската практика и конзистентноста на судските одлуки, објавувањето на новата Збирка на судски одлуки, утврдувањето на начелните ставови и за одлуките на судот во однос на прашања од висок јавен интерес и заштитата на законитоста.

Во делот за независноста на судството Извештајот се осврнува и на постапката за разрешување на претседателката на Врховниот суд поведена поради јавните изјави за надворешните политички влијанија во работата на судот, која беше запрена.

Исто така, во Извештајот се нотираат деловничките измени за јавност на Општата седница и унапредувањето на транспарентноста и заложбите и активностите на Врховниот суд за заштитата на животната средина преку расправата за начелниот став како конкретен придонес во заштита на здравјето и спречувањето на загадувањето на воздухот.

Амбасадорот Рокас во своето обраќање пред судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, ги образложи клучните констатации и препораки во Извештајот на Европската Комисија кои се однесуваат на владеењето на правото, осврнувајќи се при тоа на активностите на Врховниот суд.

Амбасадорот во таа насока ја истакна важноста на владеењето на правото и спроведувањето на потребните реформи, додавајќи дека од суштинско значење е посветеноста кон нивното спроведување.

Претседателката Адеми нагласи дека Извештајот на ЕУ има посебно значење за Врховниот суд поради искрената посветеност кон исполнувањето на европските стандарди.

„Извештајот на Европската Унија за нас преставува вистинска мотивација. Препораките за судството се пријателски совети. Посебно сум благодарна за позитивните оценки за Врховниот суд. Ќе продолжиме со исполнувањето на европските стандарди кои се на браникот на владеењето на правото“, истакна претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.



ZOOM

Read Previous

Македонија и Бугарија договорија заеднички проект за тунелот за кој Николовски велеше дека „не води никаде“

Read Next

Продолжуваат тензиите во Собранието на Албанија