ноември 23, 2024

Тошковски-Аксинте: Романија и во иднина ќе биде лојален поддржувач и пријател на Македонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте. На средбата беа потврдени традиционално добрите и пријателски односи и соработка која се одвива на билатерално и мултилатерално ниво.

Соработката меѓу двете полиции вклучува брза размена на оперативни информации, сознанија во сите области на криминалитетот директно и преку меѓународните канали на ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ и СЕЛЕК.
На средбата беше разговарано и за организирање и учество на заеднички обуки и тренинзи, застапување на заедничките интереси со цел континуиран процес на унапредување на капацитетот на двете полиции во борба со сите видови криминалитет и транснационалниот организиран криминал.

Амбасадорката Аксинте потенцираше дека Романија ќе продолжи и во иднина да биде лојален поддржувач и пријател на Македонија, особено во евроинтеграцискиот процес.



ZOOM

Read Previous

Мицкоски добил порака: Пола од тоа што го има ВЛЕН е доволно, за ДУИ да влезе во Влада

Read Next

Министерот за економија на Северна Македонија во посета на Стопанската комора на Анкара