Амбасадорката на САВ во Македонија, Анџела Агелер денеска беше во посета на фармата за пиперки во Паликура, и имаше средба со фармери од Кавадаречкиот регион.
„Прекрасен ден во посета на Везенка, фарма за пиперки во сопственост на жени во Паликура и средба со фармери од Кавадаречкиот регион и ширум земјата. Тие дадоа одличен пример како да се води успешен земјоделски бизнис – за мажи и жени – развивајќи ги руралните области преку производство на квалитетна храна за нивните заедници“, напиша Агелер.
TV21