ноември 21, 2024

Македонија ќе потпише заедничка изјава со Унгарија, Србија и Грција за изградба на брза пруга Будимпешта – Атина

На 23 ноември годинава, Македонија заедно со Унгарија, Србија и Грција ќе потпишат заедничка изјава за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина, односно Патра, соопшти министерот за транспорт, градежништво и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ.

„Брзата пруга низ Србија, како дел од идната брза пруга од Унгарија до Грција, е на европската железничка мрежа. Како што најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ден пред новата делница од Нови Сад до Суботица – Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција ќе потпишат заедничка декларација за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина, односно Пиреја и Патра“, изјави министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ

Тој додаде дека Србија заедно со Македонија ќе бараат заедничко финансирање на пругата од границата на Србија до Скопје.

Грција веќе дизајнира пруга од Солун до Идомени на грчко-макледонската граница, и ја обновуваат пругата Солун – Атина. Останува само да се реши врската од Скопје до границата со Грција, рече тој.



TV21

Read Previous

Магичните бои на есента на северот на Херцеговина

Read Next

Стефковски: Градиме нов мега парк на површина од 10.000 метри квадратни во Хиподром 2