октомври 28, 2024

Мицкоски не го добил писмото од Ахмети

Премиерот, Христијан Мицкоски, изјави дека не го добил писмото од лидерот на ДУИ, Али Ахмети за кое претходно информираа Интегративците преку допис до медиумите.

„Не сум го добил, кога ќе го добијам ќе го коментирам“, изјави Мицкоски, одгварајќи на новинарско прашање.

Премиерот потоа додаде и дека дневно добива многу писма, пораки и со големо внимание пристапува во комуникацијата со граѓаните.

„Ахмети е граѓанин и мора да се посвети внимание на секое писмо. Како што рече и вицемпремиерот Меџити ние не играме фудбалчиња, работиме и сме одговорни“, додаде Мицкоски во насока на тоа дека писмото не стигнало до него.

Демократска унија за интеграција (ДУИ) претходно денес информира дека претседателот на партијата, Али Ахмети, упатил официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со одлуките на Уставниот суд. Во писмото кое го објави ДУИ, меѓудругото стои дека во оваа комплицирана средина секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост.

Ахмети вчера испрати писмо и до претседателот и премиерот на Република Албанија, Бајрам Бегај и Еди Рама, петседателката и премиерот на Република Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, канцеларот на Германија, Олаф Шолц, претседателот на Франција, Емануел Макрон, и до државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Во писмата Ахмети им пиша дека Охридскиот договор е загрозен и повика на заедничка акција.




ZOOM

Read Previous

Цивилна одбрана: Израел за 3 недели уби најмалку 1.000 луѓе во северниот дел на Газа

Read Next

Крај или нов почеток на политичката криза? – Само 327 македонски Бугари гласале на изборите