
Граѓаните на Бугарија денеска избираат 240 пратеници во 51. Народно собрание. Ова се шести предвремени парламентарни избори по редовните од 4 април 2021 година, а последните предвремени избори се одржаа на 9 јуни.
Изборниот ден почна во 7 часот и завршува во 20 часот, со можност за продолжување до 21 часот ако пред избирачкото место останат гласачи. Во странство, гласањето започнува исто така во 7 часот и завршува во 20 часот, односно 21 часот по локално време.
На изборите учествуваат 19 партии, девет коалиции и еден независен кандидат.
По последните избори во јуни, бугарскиот претседател Румен Радев ѝ даде мандат на Бугарската централнодесничарска партија ГЕРБ да формира влада, бидејќи партијата освои најмногу гласови и обезбеди 68 места во 240-члениот парламент. Меѓутоа, ГЕРБ не успеа да состави мнозинска коалиција.
Потоа, мандатот беше понуден на другите партии, но ни тие не успеаја да формираат мнозинска коалиција, што доведе до организирање нови избори.
Според „Алфа Рисрч“, се очекува излезноста да биде меѓу 30 и 32 отсто.
ТV21