ноември 23, 2024

Меџити: Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, а особено за економскиот развој

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, изјави дека Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, а особено за економскиот развој.

„Изразувам лично задоволство што ги гледаме првите работи што се појавија на површина и со тоа се затвора темата за Коридорот 8 како политичка тема. Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, за економскиот развој, каде што немам никакви дилеми дека со ‘Бехтел и Енка’ ќе бидеме сведоци во следните недели и месеци за реализацијата на проектот“, изјави Меџити.

Во текот на денешниот ден, Меџити, заедно со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, го промовира почетокот на владините активности за реализација на Коридорот 8.



ZOOM

Read Previous

Лимани: Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на предучилишното воспитание и  образование

Read Next

Вчера се одржаа Предвремени парламентарни избори во Бугарија