Израел, кој врши геноцид во Газа, подготвува анексија на Западниот Брег и секојдневно убива цивили во Либан, сега, со овој напад, го доведе нашиот регион на работ на поширока војна
Туркије денес упати остри критики за нападот на Израел врз Иран во текот на ноќта, јавува Анадолу.
„Израел, кој врши геноцид во Газа, подготвува анексија на Западниот Брег и секојдневно убива цивили во Либан, сега, со овој напад, го доведе нашиот регион на работ на поширока војна“, реагираше турското Министерство за надворешни работи.
„Сега е јасно дека ставањето крај на израелскиот терор во регионот стана историска задача за осигурување на меѓународната безбедност и мирот“, се додава.
Анкара ја повикува меѓународната заедница да преземе итни мерки за спроведување на законот и за запирање на израелската влада, се порачува во соопштението.
„Туркије повторува дека не сакаме понатамошна војна, насилство или беззаконие во нашиот регион“, се нагласува понатаму.
За мир на Блискиот Исток, императив е земјите од регионот и актерите надвор од регионот подеднакво да дејствуваат со здрав разум, се вели во соопштението на турското МНР.
Најмалку двајца ирански војници загинаа синоќа во нападите на израелската армија врз воени објекти како одговор на големиот ирански напад со балистички ракети врз Израел на 1 октомври.
Белата куќа рече дека со нападите на Израел мора да се стави крај на директната размена на оган меѓу двете страни, предупредувајќи го Техеран на последици доколку возврати.
Иранските воени претставници претходно предупредија дека секој напад од Израел ќе биде проследен со „поостар одговор“.
AA