ноември 23, 2024

Фетаи се сретна со новиот бугарски амбасадор Радуков


Потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, вчера се сретнал со амбасадорот на Бугарија, Желјазко Радуков, со кого се согласил за „важноста од континуиран и отворен дијалог, кој создава мостови на соработка кои се од заемен интерес“, соопшти кабинетот на вицепремиерот.

„Фетаи го информира амбасадорот за приоритетите на Владата за воспоставување на правна држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, како предуслови за интегративниот процес и благосостојбата на граѓаните. Тој ја истакна важноста за отворање на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, додавајќи дека треба да се искористи историскиот моментум во политиката на проширување на ЕУ и дека Северна Македонија треба да напредува на патот на интеграцијата заедно со Албанија“, се вели во соооштението.

„Соговорниците се согласија дека изградбата на Коридорот 8, како безбедносен коридор на НАТО, има стратешко и економско значење за двете земји и за регионот. Фетаи појасни дека завршувањето на овој проект е приоритет за Владата и вети дека ќе се направат дополнителни напори за забрзување на неговата реализација“, додаваат од кабинетот на Фетаи.

Радуков од неговото именување во септември, се сретна со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, со вицепремиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, како и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

ZOOM

Read Previous

Мицкоски: Остануваме цврсто посветени, како Влада, на својот пат кон полноправно членство во ЕУ

Read Next

СДСМ: Бојан Христовски не ги исполнува условите за директор на АНБ