Во интерес на Северна Македонија е да сме успешни (со уставните измени). За мене е важно да гледаме кон иднината, а не кон минатото
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази уверување дека пречките на патот кон членството на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ) може да се надминат, јавува Анадолу.
Фон дер Лајен денес допатува во посета на земјата во рамките на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан, а со свечена церемонија беше примена од премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.
По меѓусебната средба Мицкоски и Фон дер Лајен одржаа заедничка прес-конференција.
„Имаме јасна цел, да ги отвориме кластерите што побрзо, убедена сум дека можеме да ги надминеме пречките“, истакна претседателката на ЕК.
Фон дер Лaјен рече дека Северна Македонија има одлична реформска агенда, нагласувајќи ги заедничките инвестиции во обновливите извори на енергија.
„Во интерес на Северна Македонија е да сме успешни (со уставните измени). За мене е важно да гледаме кон иднината, а не кон минатото“, истакна таа.
Премиерот Мицкоски, од своја страна, рече дека очекува ЕУ да го препознае напредокот на земјата.
„Остануваме цврсто посветени на патот за членство во ЕУ“, порача Мицкоски на прес-конференцијата.
AA