ноември 23, 2024

Два километри од патот Скопје-Блацe ќе бидат пуштени во употреба во текот на ноември


Заменик директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, Назим Таипи, денеска во „Дејли клик“ на ТВ21 рече дека иако патот Скопје-Блаца се ветуваше со децении, за жал, тој се уште не е завршен.

Како што вели, за 2-те километри за кои се говореше дека ќе бидат свечено отворени во октомври, Таипи го одложи рокот за следниот месец.

„За релација Скопје-Блаце се зборува долго време. За овој пат се даваа многу понуди и ветувања со децении и жал ми е што во последните 10 години во секој изборен циклус се ветуваше да се изгради овој пат, но сега после 10 години дојдовме да изградиме само 2 километри од патот. Во моментов на тој фамозен потег од 2 километри се завршени 97-98 отсто од работите и се очекува многу брзо да биде пуштен во употреба“, рече Назим Таипи.

TV21

Read Previous

Таравари ја прими вакцината против грип и повика граѓаните да се заштитат

Read Next

Запалено возилото на новинар од Штип