ноември 21, 2024

Туркије ја потврди смртта на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен

Нашите разузнавачки извори ја потврдуваат смртта на водачот на организацијата ФЕТО“, рече Фидан во одговорот на прашањето на Анадолу

Турските разузнавачи ја потврдија смртта на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јавува Анадолу.

„Нашите разузнавачки извори ја потврдуваат смртта на водачот на организацијата ФЕТО“, рече Фидан во одговорот на прашањето на Анадолу на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во Анкара.

Ѓулен живееше во сојузната американска држава Пенсилванија. Турските лидери долго време бараа негова екстрадиција, но американските судски власти не го одобрија тоа.

Тој го организираше неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Туркије, во кој загинаа 252 лица, а 2.734 беа ранети.

ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

„Водачот на оваа мрачна организација е мртов“, рече Фидан, додавајќи дека одлучноста на Туркије да се бори против тероризмот нема да попушти.

„Оваа организација беше ретка фокусна точка на закана во историјата на нашата земја. Таа измами илјадници наши млади во име на светите вредности и ги претвори во машина што ги издава својата сопствена татковина, нацијата и светите вредности.“

Фидан истакна дека разузнавачките агенции во странство ги користат таквите лица како оружје против нивните сопствени држави, нации и вредности.

„Со оваа смрт сега треба да се укине магијата над нив и ги повикувам да го напуштат предавничкиот пат по кој тргнаа и да престанат да работат против својата држава и нација“, рече турскиот министер.

„Овој пат не е добар пат. Крајот на овој пат не е добар крај. Нашата нација и држава ќе продолжат да се борат против сите терористички организации, вклучително и оваа. Тие треба да знаат дека треба да се вратат назад додека сѐ уште има време.“



AA

Read Previous

Возач на ЈСП физички нападнат од едно лице во автобуската кабина

Read Next

Собранието доби нова заштитена просторија според НАТО и ЕУ безбедносни стандарди