ноември 26, 2024

Герасимовски: Започнавме со реализирање на проектот за хортикултурно и партерно уредување во Капиштец

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во работните активности за хортикултурно и партерно уредување во населбата Капиштец, на потегот од Беверли Хилс до трговскиот центар Зебра.

Во тек е расчистување на теренот со механизација, а земјиштето се израмнува, што ќе овозможи понатамошно уредување на просторот.

„Наша цел е да создадеме зелени и уредени места за одмор и рекреација на граѓаните. Верувам дека овој простор ќе стане омилено место за жителите на Центар“, порача Герасимовски.

Проектот вклучува комплетно озеленување на површина од 7.840 м², како и реконструкција и нивелирање на пешачките патеки. Планирано е поставување нова урбана опрема, како што се канти за отпадоци, клупи, држачи за велосипеди, нови детски реквизити, систем за наводнување и модерно ЛЕД осветлување, кое ќе ја подобри видливоста и безбедноста во вечерните часови.

Овој проект е финансиски поддржан од претходната Влада со сума од 24.780.000 денари, а се реализира на барање на жителите на Општина Центар, кои овој предлог го доставија на ланскиот буџетски форум.


ZOOM

Read Previous

Министрите за одбрана на НАТО се состанаа во Брисел за да разговараат за поддршката за Украина и глобалните партнерства

Read Next

МВР со детали за несреќата кај Катланово: Загинати три лица од Велес