Град Скопје не доби средства од Владата за ниту еден од 20-те проекти со кои аплицираше на огласот за помош на Општините за инфраструктурни проекти. Исто така, одбиени се проектите на Општините Струмица, Сарај и Теарце, бидејќи не ги исполнувале потребните услови.
На огласот на Владата аплицираа 80 Општини со вкупно 357 проекти. Евалуционата комисија, составена од претставници од шест ресорни министерства, оцени дека 77 Општини ги исполнуваат критериумите, при што ќе бидат финансирани 274 проекти. Вкупната вредност на овие проекти изнесува 65 милиони евра.
Изборот на проектите беше одобрен на владина седница, а Општините ќе добиваат финансиски средства етапно, по реализација на проектите, преку државниот буџет. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, изјави дека Владата го извршила изборот врз основа на доставените предлози од шесте ресорни министерства.
TV21