ноември 22, 2024

Силен земјотрес со интензитет од 5,9 степени ја потресе турската област Малатја

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер го потресе местото Кале во турската област Малатја во 10:46 часот по локално време

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер го потресе местото Кале во турската област Малатја во 10:46 часот по локално време, известува Анадолу.

Според информациите објавени на веб-страницата на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), во 10:46 часот по локално време е регистриран земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер, чиј епицентар бил во местото Кале во турската област Малатја.

Земјотресот бил на длабочина од 10,07 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или за предизвикана материјална штета.



AA

Read Previous

Не се воведува дополнителен еден час евтина струја преку ден оти ќе треба да се укине евтината од 22 до 24 часот, РКЕ ги направи пресметките

Read Next

Ковачки на теренска посета и состаноци на ПС НАТО во Грција