Се навршуваат 17 години од смртта на еден од најдобрите македонски пејачи Тоше Проески. Момчето со ангелски глас трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Нова Градишка – Хрватска.
На 16 октомври 2007 година, патувајќи од Скопје до Загреб, на автопатот кон главниот хрватски град, неговото возило удри во камион, по што на лице место загина Тоше, а возачот и неговата менаџерка беа полесно повредени.
Веста за смртта ја потресе цела Македонија, но и пошироко. Многумина и натаму не се помируваат со неговата загуба. Оваа страшна вест на тој кобен 16 октомври 2017 година беше објавена и од најголемите светски новински агенции. Најголемиот дел од нив го нарекуваа „најголемата балканска ѕвезда“.
Остави големи дела и голема трага на македонската музика. Неговите песни и натаму се слушаат и се пеат низ целиот Балкан.
TV21