Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи во емисијата Дејли Клик на ТВ21 предложи уставните измени да се реализираат преку вметнување на клаузула во законот за спроведување на Уставот, следствено, доколку Бугарија во наредните 5 години продолжува да ја опструира Македонија на патот кон Европската Унија со други услови, тогаш Парламентот да има за право да ги суспендира уставните измени.
„Ние треба да ги реализираме уставните измени. Еве јас одам еден чекор понапред, доколку уставните измени се направат денес, ние слободно можеме во Законот за спроведување на Уставот да вметнеме клаузула со која се вели, доколку во наредните 5 години Бугарија продолжува да спречува Северна Македонија за работи кои немаат врска со Европската Унија, Парламентот да има за право да ги суспендира уставните измени, но тие да стапат на сила сега“, рече Османи во Дејли Клик на ТВ21.
TV21