
Косовската полиција уапси државјанин на Македонија во понеделникот во Феризај. Тој се бараше со меѓународна потерница.
Х.Ф. (1974) бил баран од Македонија, каде што е осуден на 6 години затвор.
„Косовската полиција, поточно ILECU-FAST KOSOVA, во екот на меѓународната полициска соработка, успеала да уапси едно лице со меѓународна потерница. На 14.10.2024 година, во градот Феризај, Дирекцијата за меѓународна полициска соработка на К.П., поточно единицата ФАСТ, поддржана од единицата за истраги за наркотици во Феризај, спроведе координирана полициска акција при што е приведен државјанин од Македонија со иницијали Х.Ф., (година на раѓање 1974 година), кој се барал со потерница од Република Северна Македонија за издржување казна затвор во траење од 6 (шест) години, соопштуваат од косовската полиција.
TV21