Арбен Таравари од коалицијата Вреди денеска во изјава за медиумите истакна дека нема ништо лошо што законот за правична и соодветна застапеност е испратен до Венецијанската комисија.
Како што вели, сигурен е дека нема да има негативно мислење.
„Ова е готов закон, кој мора да го синхронизираме и координираме и нема ништо лошо доколку се побара дополнително мислење, но сепак мислам дека не е спорно што поскоро овој закон да помине во Собранието. Да добиеме негативно мислење од Венецијанската комисија? Не можеме да го земеме бидејќи тоа е закон кој е изработен со меѓународни експерти, сега не сакам да споменувам имиња, луѓе кои се кредибилни луѓе со многу почит во меѓународните правосудни институции“, додаде Таравари.
TV21