Сиљановска-Давкова смета дека балансерот морало многу порано да се укине: „Дојдовме до точка сите институции да имаат директори, заменици, менаџери…“
Гордана Сиљановска-Давкова вчера во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за укинувањето на балансерот. Таа рече дека тој морало многу порано да се укине.
„Сите ги упатувам најпрво, бидејќи се повикуваат на изворот – Охридскиот Рамковниот договор уште еднаш да го препрочитаат. Таму јасно пишува дека кога зборуваме за администрација и вработување првиот критериум е стручност и компетентност, и велат дека покрај нив, треба да се почитува и основното начело на правичност и соодветна застапеност“, вели Сиљановска Давкова.
Сиљановска-Давкова рече дека поради балансерот, администрацијата е болна.
„Директори, менаџери и сите имаат… и дури до таа мерка станавме ние непрепознатливи или нестандарди што отворено после секои избори се кажува „тоа и тоа амбасадорско место и припаѓа на таа партија“ ние немаме свест за противправност. Е, сега Уставниот суд бидејќи е чувар на Уставот и законите нѐ потсети на тоа“, вели Сиљановска Давкова.
TV21