ноември 21, 2024

Тошковски: Честит 11 Октомври, борбата и саможртвата на хероите го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (11.10.2024), беше дел од владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври – ден на востанието на македонскиот народ. Делегацијата положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на Ослободителите на Скопје во знак на сеќавање на храбрите борци од 1941 година, кои го почнаа организираниот отпор против фашизмот.

„Нивната борба и саможртва го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес. Овој ден е потсетник за нашата должност да продолжиме да градиме држава во која владее правдата, еднаквоста и почитта кон сите граѓани. Благодарение на тие херои, денес имаме наша слободна и суверена Македонија. Нека нивната храброст биде наша инспирација за подобра и посветла иднина!“, нагласи министерот Тошковски.





TV21

Read Previous

Ердоган во Белград ја нагласи важноста на мирот и стабилноста на Балканот

Read Next

Сиљановска-Давкова смета дека балансерот морало многу порано да се укине