ноември 24, 2024

Џамијата Намазѓа во Тирана, најголема на Балканот, во очекување на свеченото отворање

Џамијата има 4 минариња високи 50 метри и купола висока 35 метри, со детали кои потсетуваат на османлиската архитектура

Денес во главниот град на Албанија, Тирана, свечено се отвора најголемата џамија на Балканот, џамијата Намазѓа, јавува Анадолу.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска за време на посетата на Албанија заедно со премиерот Еди Рама свечено ќе ја пуштат во употреба најголемата џамија на Балканот, џамијата Намазѓа, изградена со финансиски придонес на Туркије.

Џамијата има капацитет истовремено да прими до 10 илјади верници на молитва.

Џамијата Намазѓа е изградена со финансиски придонес на Дирекцијата за верски прашања на Туркије и Фондацијата за верски прашања на Туркије (ТДВ).



AA

Read Previous

Претседателот Ердоган се сретна со албанскиот претседател Бегај

Read Next

Јаневска: Потребно ни е стручно образование во функција на стопанството